Поврзете се со нас

Италија

Интер пронашол засилување за дефанзивата од Ла Лига

Објавено

на

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека тимот на Интер е фаворит за ангажман на еден од најодбрите дефанзивци во шпанската Ла Лига.

Имено, „Нероазурите“ биле во пол- позиција за ангажман на фудбалерот на Реал Бетис, Аиса Манди за кого се интересираат неколку големи европски клубови.

29 годишниот фудбалер  беше интересен за Интер и во минатиот преоден рок, но сега како што пренесуваат медиумите во Шпанија тој ќе биде примарна трансфер цел на Џузепе Марота кој лично ќе го средувал трансферот.

Договорот на Манди со Реал Бетис ќе заврши по крајот на оваа сезона и се очекува тој во следните недели да соопшти дека и дефинитивно си заминува од клубот.

Стоперот кој оваа сезона има собрано 28 натпревари за Бетис во Ла Лига во јануарскиот преоден рок се поврзуваше и со трансфер во тимот на Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни