Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Интер не реализираше три пенали, Атлетико го комплетираше списокот на четвртфиналисти во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Atleti

Атлетико Мадрид е последниот патник во четвртфиналето на Лигата на шампионите, обезбедувајќи го таквиот статус со победа на пенали во дуелот со Интер. Регуларниот дел заврши со резултат 2:1, а во пенал драмата поуспешен беше домашниот тим.

Интер имаше подобар почеток бидејќи стигна до посакувано водство во 33. минута, а асистенцијата на Барела во гол ја претвори Димарко, кој без проблеми го совлада Облак.

Сепак, предноста на траеше долго бидејќи Антоан Гризман на спротивната страна ја искористи мешаницата во шеснаесетникот на Интер и набрзина ја врати ситуацијата на почетната, поставувајќи ги конечните 1:1 по првиот дел.

Притисокот на Атлетико во завршницата вроди со плод откако резервистот Депај реализираше во 87. минута, па победата од 2:1 за шпанскиот клуб значеше продолжение од триесет минути. Рикелме не погоди чист зицер во последните моменти од регуларниот дел, па во продолжението исто така немаше промени и двете екипи мораа да се подготват за пенал завршница.

Атлетико реализираше само два пенала, но и тоа беше доволно за пласман во четвртфиналето бидејќи противникот не успеа дури три пати да го совлада Облак.

Не реализираа Санчез, Класен на кои Облак им ги одбрани ударот, додека Лаутаро биеше високо над голот, па Атлетико со конечни 3:2 почна да ја слави големата победа со своите фанови. Ачерби и Чалханоглу беа успешни од белата точка, додека кај Атлетико погодија Депај, Рикелме и Кореја, а промаши Саул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни