Поврзете се со нас

Италија

Интер повторно славеше во меч со седум погодоци, Специја го изненади Удинезе на Несторовски (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Интер ја прокнижи втората сезонска победа во Серија А и тоа во уште еден меч со седум постигнати голови.

Во претходната рунда „нероаѕурите“ славеа над Фиорентина со 4-3 на „Џузепе Меаца“, додека пак вечерва издвојуваа триумф на гостувањето кај Беневенто со 5-2. Избраниците на Конте беа расположени за игра, а во прилог им одеше и тоа што домашните фудбалери одлучија да се надигруваат, да играат отворено.

Интер ова го искористи и со двата гола на Лукаку и по еден на Гаљардини, Мартинез и Хакими дојде до два од два во шампионатот. Кај домаќините двоен стрелец беше Капрари.

Илија Несторовски влезе во второто полувреме (64 минута) на средбата со Специја, но и тој не успеа да му помогне на Удинезе да дојде до позитивен резултат на дуелот во Удине. Гостите направија изненадување и со погодоците на Галабинов се изборија за победа од 2-0.

За Специја ова се први историски бодови во Калчото, а што е уште поважно до нив дојдоа и со играч помалку со оглед нa тоа што Терци беше исклучен во 66 минута.


Реклама
Реклама
Реклама

Популарни