Поврзете се со нас

Италија

Интер покажа класа и со оригинална порака го испрати Пандев во пензија (Фото)

Објавено

на

Горан Пандев се претвори во топ тема во македонската спортска јавност во изминатите 24 часа, а причина за тоа е ексклузивното интервју кое го направи за „Газета“, кое го искористи за да објави официјален крај на играчката кариера.

После цели 20 години, од кои речиси сите ги мина во Италија, популарниот Гоче ги закачи копачките на клин и посочи дека веќе во неговата глава нема место за секојдневни тренинзи и професионален фудбал, а денеска се одјави и со емотивно видео и порака која не остава никого рамнодушен.

Пандев ќе остане запаметен како најуспешниот македонски фудбалер во историјата, но и вистинска легенда на италијанскиот фудбал, за што доволно добар доказ е пораката со која го испрати Интер.

Италијанскиот великан не заборави на својот поранешен фудбалер кој се изгради како играч во Примавера тимот, но кој успеа да стигне и до покривот на Европа и светот како дел од тимот на Жозе Мурињо.

– Од Примавера до врвот на светот. Ти благодариме за се Горан Пандев, – гласи оригиналната порака на Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни