Поврзете се со нас

Италија

Интер почна да бара замена за Ериксен, едно име во фокусот

Објавено

на

Кристијан Ериксен доживеа срцев удар на натпреварот против Финска по што мораше итно да биде пренесен во болница и тоа откако лекарите успеа да го вратат во живот на тревникот на „Паркен“.

Сега Ериксен е добар, опасноста е надмината, ама останува дилема дали тој ќе може да ја продолжи кариерата. Имено на него мораше да му биде вграден „ICD“ уред (Имплантиран кардиовертер дефибрилатор) кој треба да превенира нови проблеми во иднина.

Со овој вид на пејсмејкер, Ериксен дефинитивно нема да може да настапува во Италија затоа што не е дозволено, па според информациите Интер веќе бара негова замена.

„Калчомеркато“ пренесува дека италијанскиот првак е заинтересиран за Дони Ван Де Бек кој не се снајде во Манчестер Јунајтед по трансферот од Ајакс.

Манчестер е спремен да негова продажба, меѓутоа сумата од најмалку 30 милиони евра е превисока за Интер кој ќе се обиде да го добие Холанѓанецот на позајмица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни