Поврзете се со нас

Италија

Интер остана без уште еден клучен играч за гостувањето во Верона

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Италијанскиот шампион Интер денеска гостува кај Верона во натпревар од Серија А, а медиумите на „чизмата“ утринава објавија дека Симоне Инѕаги нема да смета на важен фудбалер на овој дуел.

Лаутаро Мартинез имал треска и Инѕаги и неговите соработници решиле да го ослободат од обврските за овој натпревар, кој доаѓа по враќањето на напаѓачот од Аргентина, односно настапите за националниот тим во квалификациите за СП.

Мартинез веќе се вратил во Милано и во клубот се надеваат дека брзо ќе може да се врати во комбинација за настап за својот тим, а медиумите најавуваат и кој ќе го замени во првите единаесет.

Се работи за неговиот сонародник Хоакин Кореја, кој веројатно ќе го запише првиот настап како стартер сезонава и би требало да игра во тандем со Маркус Тирам.

Отсуството на Лаутаро е втор голем проблем за Инѕаги за овој дуел, бидејќи претходно отпадна и Хакан Чалханоглу, кој заработи повреда при настапот за турската репрезентација.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни