Италија
Интер остана без првотимец за наредните неколку недели

Интер и Симоне Инѕаги се пред императив да испорачаат позитивна серија во домашното првенство, но наредниов период нема да сметаат на важен првотимец.
Се работи за голманот Јан Зомер, кој заработил фрактура на палецот на десната рака и сега мора да мирува неколку недели.
Интер потврдил дека скршеницата е потврдена со деталните прегледи направени вчера, па лекарскиот тим деновиве ќе го одреди текот на рехабилитација на швајцарскиот голман.
Зомер беше стартер за Интер на сите натпревари во домашното првенство и Лигата на шампионите и јасно е дека има големо значење за екипата, па Инѕаги ќе мора да се надева дека првата алтернатива ќе испорача соодветни партии.
Актуелниот италијански шампион во сабота ја пречекува Џенова, а ќе биде без Зомер и наредното коло, во големото дерби со Наполи. Очекувањата се дека ќе го пропушти и првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите.
-
Формула 116 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија13 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија15 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија12 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија9 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства11 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 110 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА15 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)