Поврзете се со нас

Италија

Интер официјално го потврди „предавничкиот трансфер“ (Фото)

Објавено

на

Хакан Чалханоглу долго време преговараше со Милан и не ја прифати понудата која му гарантираше 4 милиони евра по сезоната, за сега за еден милион евра подобра понуда да се пресели во најлутиот ривал од истиот град.

Турскиот репрезентативец и дефинитивно го комплетираше предавничкиот трансфер за кој зборува цела Италија, бидејќи Интер сега и официјално и соопшти на јавноста дека Чалханоглу е првото големо засилување за новата натпреварувачка сезона.

Еден час пред објавувањето на веста, Чалханоглу му се заблагодари на Милан преку социјалните мрежи и доби безброј навреди од страна на „росонерите“, па набрзо после тоа, пристгина соопштението од Интер.

– Интер го потврдува пристигнувањето на Хакан Чалханоглу. Играчот за врска кој е роден во 1994-та година потпиша договор со клубот до 2024-та година, – гласи објавата на италијанскиот првак.

Чалханоглу кој има 27 години останува во Милано и во наредните три сезони, период во кој треба да инкасира 15 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни