Поврзете се со нас

Италија

Интер нема лесно да се откаже од Икарди, „светците“ повторно се на потег

Објавено

на

Екипата на Интер пред почетокот на оваа сезона му соопшти на Мауро Икарди дека тренерот Антонио Конте не смета на неговите услуги, па Аргентинецот иако на почетокот се противеше сепак одлучи да си замине од Милано и се пресели во таборот на Пари Сен Жермен.

Таму Мауро одлично се снајде и 31 натпревар даде 20 голови и 4 асистенции, партии кои ги натера „сцетците“ да го откупаат неговиот договор. Според „Скај Спорт Италија“ и „Газета Дело Спорт“, францускиот шампион веќе понудил 50 милиони евра, плус уште 10 милиони евра како бонуси, ама оваа понуда не била прифатена од „нероаѕурите“.

Наводно тие бараат 60+10 (бонуси) милиони евра, сума која ако се исполни се ќе биде 70 со што Интер ќе биде задоволен.

Останува сега да видиме каков ќе биде одговорот на клубот од Париз кој веќе плати 13 милиони евра за едногодишната позајмица и ја покриваше неговата плата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни