Интер нема да го ангажира ветеранот Вивиано

vivano

Тимот на Интер дефинитивно нема да го ангажира искусниот голман Емилијано Вивиано.

Вивиано почна да се поврзува со „нероаѕурите“ откако се повреди првиот голман на екипата Самир Хандановиќ. Меѓутоа Интер одлучи да почека околу официјализирањето на договорот со Вивиано од проста причина затоа што ги имаше на располагање Даниеле Падели, Томасо Берни и младиот Филип Станковиќ.

На крајот екипата од Милано се одлучи да не повлеме потег кога е во прашање ангажман на нов голма, а тоа го потврди агентот на Вивиано, Клаудио Вигорели.

-Договорот беше јасен уште од самиот почеток: никој ништо не ни вети. Клубот имаше некои проблеми кога Хандановиќ беше повреден, но откако внимателно ја проценија ситуацијата, тие решија да продолжат со голманите кои веќе ги имаа во својата екипа. Му благодариме на Интер за интересот. Емилијано беше еден од протагонистите на СПАЛ минатата сезона и ќе продолжи со тренинзите додека го чека следниот предизвик, -истакна Вигорели.

Facebook Коментари