Поврзете се со нас

Италија

Интер не се предава: Лаутаро се погрижи за победа, шампионот ќе се решава во последното коло (Видео)

Објавено

на

Одговор за новиот шампион во Серија А ќе дознаеме во последното коло во актуелната натпреварувачка сезона, бидејќи Интер одговори под притисок и оствари победа со која го одложи шампионското славје во „црвено-црниот“ дел од Милано.

Милан денеска победи во дербито со Аталанта и чекаше кикс на Интер за да почне да слави титула, но до тоа не дојде и избраниците на Инѕаги славеа на гостувањето на Сардинија.

Интер постигна гол во 11-та минута кој беше поништен по прегледот на ВАР, но сепак вториот постигнат гол во мрежата на Калјари беше регуларен и Дармијан донесе водство за гостите во првото полувреме.

Со овој резултат се замина на пауза, а при рестартот, следеа два брзи гола, по еден на двете страни. Лаутаро Мартинез погоди за 0:2, но Калјари брзо се врати во игра преку Ликогианис.

Домашните навивачи кои веруваат во опастанок се понадеваа дека тимот може да дојде барем до бод, но наместо тоа, Лаутаро со својот втор гол ги постави конечните 1:3. Ова значи дека шампионската битка ќе трае до последното коло, во кое на Милан ќе му биде доволен и бод против Сасуоло, а Интер ќе мора да победи против Сампдорија и да чека услуга од „Мапеи“ стадионот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни