Италија
Интер не се откажува од Перишиќ: Ќе ја донесеме најдобрата одлука, сакаме да остане со нас

Интер жестоко се бори за пехарот во Серија А, но во исто време мора да размислува и за некои други прашања затоа што времето минува и може да биде доцна за одредени потези.
Имено таква е ситуацијата со Иван Перишиќ на кого му завршува договорот на крајот на сезоната, а тоа дефинитивно носи немир кај играчот кој не е задоволен од тоа како се однесува клубот. Тоа Хрватот го посочи по финалето на Купот на Италија каде беше херој во победата над Јувентус по продолженијата за да потоа во јавноста излезе вест дека се договорил со Челси.
Потврда за ова последново не добивме, па „нероаѕурите“ се уште се надеваат дека ќе можат да го задржат офанзивецот во Милано.
-Кога ќе заврши сезоната, ќе разговараме за сите ситуации кои сè уште се во рамнотежа, вклучително и оваа, со сета почит кон професионалноста на овој многу талентиран играч. Ќе седнеме на маса и заедно ќе ја донесеме најдобрата одлука. Што се однесува до нас, ние секако сакаме да продолжиме со него, -порача оперативецот Бепе Марота.
-
Англијапред 20 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 13 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Светпред 21 час
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Италијапред 13 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Германијапред 20 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
АТПпред 20 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Светпред 22 часа
Бејл ги потврди гласините и позираше со новите клупски обележја: Се гледаме наскоро (Видео)