Поврзете се со нас

Италија

Интер може да го собори рекордот на Јувентус од пред една деценија

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Актуелната сезона на Интер најавува скудето за составот на Симоне Инѕаги, но фановите посакуваат и еден бонус, а тоа е соборување на рекордот на Јувентус од пред една деценија.

Јувентус ја освои титулата во сезоната 2013/14 со 102 освоени бодови и тој ефект постигнат со Антонио Конте на клупата останува рекорд за најмногу освоени бодови во Серија А.

Интер досега има 69 бодови освоени по 26 одиграни рунди, па на преостанатите 12 натпревари може да стигне до вкупно 105 бодови.

Секако, за такво нешто ќе биде потребен максимален учинок, а со едно реми може да се стигне до бројката 103, што повторно ќе биде подобар резултат од тој на „бјанконерите“ пред една деценија.

Интересно е што во 2014 година, по 26 одиграни кола, Јувентус имаше идентични 69 бода, што е потврда дека Интер е на добар пат и може да се надева на нов рекорд.

Интер веќе оствари важни победи на дел од најголемите ривали, но до крајот на сезоната ќе треба да се сретне со Милан, Наполи, Лацио и Болоња, незгодни противници кои ќе бидат сериозен испит за тимот на Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни