Поврзете се со нас

Англија

Интер мора да продава играчи, Тотенхем притиска за ангажман на стопер на „нероаѕурите“

Објавено

на

Од таборот на Интер се принудени да продаваат играчи со цел да соберат околу 60 милиони евра до крајот на месецов за да ја избалансираат финансиската состојба според правилата на Финансискиот фер плеј.

„Нероаѕурите“ наводно донеле одлука парите да ги соберат така што ќе продадат некој од своите стопери кои држат цена, а за кои има интерес од други тимови од Европа.

Станува збор за Алесандро Бастони и Стефан Де Фрај кои се предмет на интерес на Тотенхем односно ПСЖ.

Англискиот клуб предводен од Антонио Конте сериозно притиска за ангажман на Бастони чиј агент пред неколку денови изјави дека ваквиот трансфер е тежок за реализација.

Сепак, поради финансиските проблеми кои ги има Интер, трансферот би можел да се реализира, па Бастони на крај да заврши како член на „петлите“.

Освен Бастони и Де Фрај, со заминување од „Меаца“ се поврзува и Дензел Дамфрис за кого интерес има од Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни