Поврзете се со нас

Свет

Интер Мајами победи, но остана без Меси

Објавено

на

foto:twitter.com/InterMiamiCF

Тимот на Интер Мајами успеа да го совлада Нешвил (3-1) и со тоа обезбеди пласман во четвртфиналето на КОНКАКАФ шампионскиот Куп.

Со вкупни 5-3 клубот од Флорида го оправда статусот на фаворит и продолжува понатаму во ова натпреварување, но оваа средба донесе и една лоша вест за домаќините, повредата на најдобриот играч Лионел Меси.

Напаѓачкиот тандем вреден четвртфинале: Лажно напаѓачко движење на Суарез и мајсторска асистенција на Меси (Видео)

Меси во првото полувреме постигна гол и запиша асистенција, ама веќе на стартот на второто полувреме (50 минута) беше заменет од страна на Роберт Тејлор.

Тренерот Тата Мартино го потврди проблемот на Лео и посочи дека скоро сигурно ќе го пропушти соочување со Ди-Си Јунајтед.

-Имаше проблем со десната нога. Не сакаме да ризикуваме. Се обидовме да видиме дали ќе може да продолжу уште малку, но тоа му пречеше. Претпоставувам дека за саботниот натпревар тој нема да биде достапен, -истакна Мартино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни