Поврзете се со нас

Свет

Интер Мајами откри кога очекува камбек на Меси во тимот

Објавено

на

foto:twitter.com/InterMiamiCF

Лео Меси заработи повреда на почетокот на новата МЛС сезона, но во Интер Мајами се оптимисти дека наскоро, повторно ќе ја имаат првата ѕвезда во тимот.

Составот од Флорида викендов игра против Њујорк Сити и Меси повторно ќе отсуствува, а фокусот на лекарскиот тим е Аргентинецот да биде подготвен за дуелот со Монтереј во КОНКАКАФ Лигата на шампионите.

– Лео работи напорно со физиотерапевтите, но нема да биде во составот на утрешниот натпревар.

– Неговиот фокус е на средбата со Монтереј во среда, – изјавил Хавиер Морале, помошник на Тата Мартино во Интер Мајами.

Меси последен пат играше за неговиот тим на 13. март, а во меѓувреме ги пропушти и пријателските натпревари на Аргентина.

Лоша вест за американскиот состав е и фактот што повреда заработил и младиот сонародник на Меси, Федерико Редондо, кој неодамна потпиша за Интер Мајами, а сега ќе паузира околу два месеца.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни