Свет
Интер Мајами не е ист без Меси: Лео гледаше од трибините како неговиот тим губи во финалето (Видео)

Интер Мајами не е ист тим без Лионел Меси во стартните 11, а во тоа можевме да се увериме и рано утрово на финалето кое се играше на Ју-Ес Опен купот.
Аргентинецот беше творец на трофејот кој го освои Интер Мајами во американскиот Лига Куп, но сега поради повреда не можеше да му помогне на својот тим, и покрај тоа што одредени медиуми пишуваа дека ќе ризикува и ќе излезе на терен.
Меси беше сместен само во вип ложата и во друштво на својот син го гледаше мечот, кој на крајот заврши со заслужена победа на Хјустон од 2:1.
Од големите ѕвезди во составот на Тата Мартино, на теренот беше само Серхио Бускетс, бидејќи покрај Меси, поради повреда ова финале го пропушти и искусниот лев бек, Жорди Алба.
Хјустон поведе со 2:0 во првото полувреме со головите на Дорси и Баси, на стартот на вториот дел му беше поништен и трет гол, а на крајот почесен гол за Интер Мајами постигна Хосеф Мартинез.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 20 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 17 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 19 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 6 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него