Поврзете се со нас

Свет

Интер Мајами го собори клупскиот рекорд со продажба на фудбалер во англиски клуб

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/InterMiamiCF

Интер Мајами изминатиот период ангажираше неколку искусни фудбалер, предводени од Лионел Меси, но тоа не значи дека раководството ќе пропушти можност да комплетира профитабилен трансфер во спротивна насока.

Потврда за тоа е продажбата на Диего Лопез во редовите на Брајтон, со што англискиот тим ќе ги засили своите редови со 21-годишниот Парагваец.

Лопез е играч за врска и ќе го комплетира трансферот по 1. јануари, што значи дека ќе ја напушти Флорида по година и пол во редовите на Интер Мајами.

МЛС клубот го купи Лопез за 2,7 милиони евра, а на почетокот на 2025 година од него ќе заработи 13 милиони евра, плус евентуални дополнителни бонуси. Ова е нов клупски рекорд на Интер Мајами и голем исчекор во однос на заработените 2,5 милиони евра од продажбата на Грегоре во Ботафого.

Парагваецот се наметна кај скаутите со одличните игри во дресот на Либертад, па во јули 2023 година потпиша за американскиот тим, постигнувајќи 6 голови на 28 натпревари.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни