Поврзете се со нас

Свет

Интер Мајами доживеа дебакл без Меси, Бускетс го доби четвртиот црвен картон во кариерата (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/InterMiamiCF

Интер Мајами го испушти врвот во Источната конференција во МЛС лигата, и тоа во директен дуел за првото место во натпревар против Синсинати.

Без Лео Меси и Луис Суарез, Интер Мајами дефинитивно не е ист тим, а тоа може слободно да се заклучи и од дебаклот кој го доживеаја избраниците на Тата Мартино.

Додека Меси и Суарез се натпреваруваат на Копа Америка, Интер Мајами загуби со 6:1 на гостувањето кај Синсинати и го загуби првото место на табелата, но и Серхио Бускетс за следниот меч.

Легендарниот играч за врска ги загуби нервите при резултат 5:1 и имаше забешелки за судијата, па поради тоа, доби два жолти картони во период од 20 секунди.

Бускетс самиот се погрижи да не го заврши овој меч, а ова за него беше само четврти црвен картон во блескавата кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни