Поврзете се со нас

Свет

Интер Мајами добива уште едно засилување од Барселона

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

МЛС составот Интер Мајами доби неколку супер квалитетни засилување во текот на летото, асови од светска класа како Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Со овие играчи клубот од Флорида освои трофеј, но за нешто повеќе во домашниот шампионат дефинитивно се потребни уште некои засилувања, освежувања, а едно од нив одново може да дојде од Барселона.

Имено Бускетс и Алба пристигнаа во Интер Мајами токму од шпанскиот великан, Меси пак е икона, легенда на Барселона, а во 2024 година на нив може да им се приклучи актуелниот капитен Серхи Роберто.

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Шпанските медиуми пренесуваат дека Роберто ја игра последната сезона во сегашниот тим и дека МЛС е атрактивна опција за него со тоа што тука на сцена треба да стапи Интер Мајами.

Роберто има само шест настапи во актуелнава кампања што доволно говори дека не е во прв план кај тренерот Чави Ернандес.

Низ целата своја кариера е дел од Барселона. Тој во февруари ќе го прослави 32 роденден што значи дека има простор да одигра уште неколку сезони во новата средина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни