Поврзете се со нас

Италија

Интер лут на Чалханоглу, Баерн ќе мора да ја испразни сметката за неговите услуги

Објавено

на

foto: https://twitter.com/Inter

Хакан Чалханоглу е еден од клучните играчи на Интер, играч кој по доаѓањето од Милан почна да се наметнува од сезона во сезона и сега е незаменлив во таборот на „нероаѕурите“.

Тој е многу ценет на „Џузепе Меаца“, па токму поради тоа постои лутина кај раководството, водечките луѓе по вестите дека Хакан преговара со Баерн Минхен кој сака да го види во своите редови.

Интересот е јасен и конретен, но „нероаѕурите“ не сакаат да се ослободат, останат без него и се шокирани од најновиот развој на настаните затоа што пред некое време му соопштиле на играчот дека сериозно сметаат на неговите услуги, поточно дека не е на трансфер пазарот.

Наводно Турчинот му кажал на Интер дека сака да остане, ама последните потези, движења покажуваат нешто друго. Калчолигашот е мирен со оглед на договорот кој е со важност до 30 јуни 2027 година. Ситуацијата може да се промени ако во Милано стигне понуда од 70 милиони евра што реално е тешко остварливо ако се земе предвид дека баварците имаат и други трансфер цели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни