Италија
Интер лесно победи, ќе го пречека Јувентус како лидер на табелата

Мајсторскиот гол на Федерико Димарко го одблежа натпреварот меѓу Интер и Фрозиноне кој се одигра на „Сан Сиро“, а ремек-делото на дефанзивецот му помогна на фаворитот да има многу полесно второ полувреме.
Левиот бек успеа да постигне неверојатен гол од 56 метри и достави кандидатура за погодок на сезоната во Италија, па носени од ова, играчите на Интер брзо постигнаа и втор на стартот на вториот дел.
Хакан Чалханоглу погоди од пенал и ја потврди победата за фаворитот, кој со овој триумф се врати на врвот во домашното првенство, откако вчера Јувентус за момент преноќи на првото место.
Со денешната победа, Интер повторно е на првото место со 31 освоен бод, два повеќе од Јувентус кој исто така фати залет во последно време и се издвојува како претендент за титулата.
Интересно, овие два тима играат големо дерби во Торино за две недели, па тогаш ќе биде уште појасно каков е распоред на силите во овој момент.
-
Италијапред 20 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Англијапред 18 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Балканпред 20 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Светпред 22 часа
Роналдињо: Мбапе може да ја освои „Златната топка“…
-
Светпред 5 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Европски куповипред 20 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
Светпред 19 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Репрезентацијапред 23 часа
Лековска не се прослави, Македонија испушти чиста победа против Бугарија (ВИДЕО)