Интер „краде“ уште еден одличен играч од конкурентите во Серија А

ilicic

Иако оваа кампања се уште не е завршена екипата на Интер сериозно работи на засилувања за следната кампања и веќе се договорени неколку имиња како Лаутаро Мартинез од Расинг Клуб и Стефан Де Фрај од Лацио, а се очекува на „Џузепе Меаца“ да заврши и Квадо Азамоа од Јувентус.

Меѓутоа „нероаѕурите“ тука не планираат да застанат, па според информациите на „Премиум Спорт“ пикиран е уште еден играч од Серија А и тоа Јосип Иличиќ од Аталанта. Наводно двете страни се блиску до договор и наредната седмица Словенецот треба да го мине медицинските прегледи.

Сумата која тимот од Милано ќе ја плати е 15 милиони евра, плус уште двајца млади играчи од Примавера тимот кој ќе се преселат во Бергамо.

Иличиќ сезонава на 40 натпревари дојде до „дабл-дабл“ учинок од 15 голови и 10 асистенции.

Facebook Коментари