Поврзете се со нас

Италија

Интер конечно ја објави веста која фановите ја чекаа со месеци: Продолжува историјата меѓу „бикот“ и „змијата“ (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Inter

Интер како италијански првак доживеа мали турбуленции на стартот на летото, бидејќи по неисплатениот кредид од страна на Сунинг, клубот доби нови газди и дојде до промена на сопственичката структура.

Тоа ги исплаши фановите кои сметаа дека ќе пропаднат акциите кои веќе беа започнати, но од клубот брзо излегоа со смирувачки вести, бидејќи се задржаа сите важни луѓе кои учествуваа во преговорите.

Бепе Марота беше унапреден во претседател на Интер и сега има уште позначајна улога, но очигледно е дека неговата работа како оперативец беше пресудна за да се птоврди веста која денеска беше објавена.

После долги и макотрпни преговори, Лаутаро Мартинез се обврза на верност со италијанскиот шампион и останува во Милано најмалку до 2029-та година, откако денеска и официјално стави параф на договорот.

Интер со огромно задоволствоо ја пренесе веста за најважниот потпис ова лето, бидејќи тоа значи останување на капитенот кој е лидер на теренот, но и надвор од него.

– Продолжува историјата меѓу „бикот“ и „змијата“, – порачаа од Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни