Поврзете се со нас

Италија

Интер ќе ја отвори сезоната со гостување кај Џенова, Мота и Фабрегас ќе водат тактичка битка во првата рунда (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Интер стигна до јубилејна 20-та титула во Серија А и придодаде втора ѕвездичка на својот дрес, па актуелниот италијански првак попладнево го дозна патот кој ќе го има во обидот да ја одбрани титулата.

Тимот на Симоне Инѕаги повторно ќе биде еден од главните фаворити за највисок пласман, но овојпат се очекува да биде сериозно тестиран од Тиаго Мота и неговиот Јувентус, но и од Милан предводен од Фонсека и Наполи од Конте.

Новата сезона во Серија А ќе стартува на 17-ти август и ќе трае до 25-ти мај, а Интер во воведната рунда ќе игра на гостински терен против Џенова.

Првата натпреварувачка рунда не носи ниту едно дерби во Калчото, но сигурно ќе биде интересна тактичката пресметка меѓу Тиаго Мота и Сеск Фабрегас.

Мота како нов тренер на Јувентус ќе се соочи со Комо на Фабрегас, Фонсека ќе дебитира како тренер на Милан против Торино, додека Конте ќе гостува кај Верона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни