Интер ја продолжи победничката серија против Фиорентина (Видео)

Kieza-Inter

Интер не импресионираше со својот настап против Фиорентина, но успеа да го победи незгодниот ривал со 2:1 и ја продолжи својата победничка серија.

Фиорентина преку Миралјас имаше статива уште во 1. минута, но потоа Интер ја презеде иницијативата, а до крајот на полувремето судијата Мацолени со помош на ВАР досуди пенал за домаќините, по играњето со рака на Виктор Хуго. Икарди го претвори пеналот во гол за водство од 1:0, а Фиорентина успеа да израмни во 53. минута кога Киеза шутираше, а Шкриниар имаше контакт со топката доволно за Хандановиќ да биде совладан.

Во продолжение гостите доминираа, имаа неколку добри обиди, а откако не реализираа, на спротивната страна стигна казната со голот на Д’Амброзио кој искористи нова грешка на Хуго и ги постави конечните 2:1. Со овој триумф, Интер стигна до 10 бодови, пет помалку од Јувентус кој утре ја пречекува Болоња.

Facebook Коментари