Поврзете се со нас

Италија

Интер ја одбил првата понуда од ПСЖ за Шкриниар, Французите ќе вклучат и играч во следната

Објавено

на

Од раководството на Интер во следниот период освен на засилувањата ќе треба да мислат и на тоа кои играчи да ги продадат со цел да создадат финансиска рамнотежа во тимот и да ги исполнат барањата на Финансискиот фер плеј.

Јасно е дека клубот ќе продава дел од своите играчи, а според првичните информации најблиску до заминување од „Меаца“ е стоперот, Милан Шкриниар.

ПСЖ е сериозно заинтересиран за Словакот и наводно веќе испратиле една понуда, која веднаш била одбиена.

Понудата на францускиот клуб воопшто не била наивна и изнесувала 50 милиони евра, но истата веднаш била одбиена од Интер.

Италијанскиот клуб за Шкриниар барал 80 милиони евра, сума која од ПСЖ не сакале да ја платат и наместо тоа подготвувале во договорот да вметнат некој од своите играчи.

Според првичните најави, Интер нема да прифати понуда пари плус играч, па ќе притиска ПСЖ да искешира 80 милиони за да го добие Милан Шкриниар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни