Интер излезе со официјален став по првиот состанок со Јунајтед за трансферот на Лукаку

lukaku-stol

Ромелу Лукаку е дел од експедицијата на Манчестер Јунајтед која се наоѓа на летните подготовки, но многу големи се шансите брзо да ја напушти истата, бидјеќи не е никаква тајна дека неговиот агент веќе извесно време работи на негов трансфер од „Олд Трафорд“.

Англиските медиуми пред два дена излегоа со вест дека Оле Гунар Солскјер ќе се обиде да ја закочи целата оваа операција, но очигледно тоа не ги спречува Интер и Манчестер Јунајтед да продолжат со зацртаното, бидејќи вечерва стигна официјална потврда дека бил одржал првиот состанок меѓу двата клуба.

Интер силно го посакува Белгиецот кој е петиција на тренерот Антонио Конте, па така сега Пјеро Аусилио истакна дека клубот го направил првиот чекор за ангажман на напаѓачот.

– Имавме средба со Манчестер Јунајтед за Лукаку. Ова беше официјален состанок меѓу два важни клуба. Ништо не можам да откривам, ќе видиме што ќе се случи. Конте го посакува секој играч кој се обидуваме да го донесеме, па истото е и за Лукаку, – порача спортскиот директор на Интер за „Скај Спорт Италија“.

Facebook Коментари