Поврзете се со нас

Италија

Интер испорача „петарда“, Монца го претрпе најтешкиот пораз на домашен терен (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Интер го осигура првото место во италијанскиот фудбал најмалку до следното натпреварувачко коло, а сега може мирно да го чека исходот од натпреварот кој допрва треба Јувентус да го одигра со Сасуоло.

Тимот на Симоне Инѕаги оствари тешка и контроверзна победа против Верона пред една недела, но денеска имаше далеку полесна задача во локалното дерби со Монца.

Интер тргна фуриозно од самиот старт и поведе со голот од пенал на Чалханоглу, но брзо на семафорот беше 0:2 откако во листата на стрелците се запиша и Лаутаро Мартинез.

Гостите го решија прашањето околу победникот на стартот на вториот дел кога погоди Чалханоглу за 0:3, но до крајот уште втор гол постигна и Лаутаро. Пред пеналот на Аргентинецот, најстрога казна доби и Монца која постигна почесен гол, а конечните 1:5 ги постави Маркус Тирам.

Со оваа победа, Интер отиде на плус пет од Јувентус на врвот на табелата, додека за Монца ова беше најтежок пораз на домашен терен откако се натпреварува во Серија А.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни