Поврзете се со нас

Италија

Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Интер го возврати ударот и славеше над Фиорентина со 2-1 во последната средба од 24. коло во италијанската Серија А.

Пред неколку дена шампионот беше нокаутиран од „виолетовите“ на „Артемио Франки“, па избраниците на Инѕаги имаа голем мотив да покажат дека тоа било само лош ден, нешто што го покажаа и дојдоа до триумф кој ги донесе на само минус еден од лидерот Наполи.

Домаќините дојдоа до водство по еден корнер кој не требаше да биде досуден затоа што топката го имаше напуштено теренот, но по центаршутот на Чалханоглу, автогол си постигна Понграчиќ.

Во финишот на првиот дел гостите добија еден „евтин“ пенал по играта со рака на Дармијан, ситуација која ја искористи Мандрагора за 1-1, резултат со кој се замина на пауза.

На почетокот на вториот дел актуелниот првак дојде до нов погодок преку Арнаутовиќ, погодок кој се покажа како пресуден за освојување на целиот плен.

(ТУКА можете да ги видите сите голови)

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни