Поврзете се со нас

Италија

Интер го спречил Коларов да настапи против Шкотска

Објавено

на

Српската фудбалска јавност е незадоволна поради фактот што нивните фудбалери не изборија пласман на Европското првенство, а дополнително ги разгневи информацијата дека селекторот не можел да смета на Александар Коларов поради инструкции од неговиот клуб.

Како што пренесуваат дел од медиумите, селекторот Љубиша Тумбаковиќ го подготвувал Коларов како стартер на левата страна во својата формација со тројца стопери, бекот тренирал со колегите, но неколку часа пред мечот му било соопштено дека не може да смета на овој фудбалер.

Интер побарал од српската федерација и стручниот штаб да го поштеди Коларов, затоа што тој веќе имал ситна повреда поради која не играше против Аталанта во Серија А.

Иако левиот бек на Интер тренирал со српската репрезентација, на крајот не влезе во игра, Тумбаковиќ морал да бара друга опција за одбраната, a Србија загуби на пенали и остана без место на ЕП.

Коларов веќе се вратил во Милано и нема да биде во комбинација ниту за дуелот со Унгарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни