Поврзете се со нас

Италија

Интер го прегази Лацио со 0:6, Инѕаги тврди дека неговиот тим игра сам против сите во Италија

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Интер го прегази Лацио на „Олимпико“ во Рим и оствари историска победа со резултат 0:6, триумф на кој пред натпреварот не може да се надева ниту најголемиот оптимист меѓу фановите на италијанскиот шампион.

Гостите од Милано презентираа завидна ефикасност во дуелот со тимот кој играше во извонредна форма, па иако за многумина оваа победа е јасен сигнал од Интер во битката за Скудетото, тренерот Симоне Инѕаги потенцира дека победата од 6:0 носи бодови како победа со 1:0.

– Победивме многу силен тим и затоа овој триумф има голема важност за нас. По поразот од Леверкузен, знаевме дека мора да се ресетираме и имавме правилен пристап. Победивме убедливо, но ова е само една победа и три бода. Имаме натпревар во рака, но сега работата ќе стане уште повозбудлива.

– Работата која ме прави најмногу горд е тоа што моите фудбалери даваат максимум на секој меч. Навистина е тешко да се игра во вакво темпо и толку често. Ова е фантастична група на фудбалери, се обидувам да ротирам се почесто бидејќи сите заслужуваат шанса за игра.

– Имаше многу луѓе во Италија кои чекаа да се лизнеме и да загубиме од денот од кога загубивме од Милан во месец септември. Сите го очекуваа нашето лизгање и тоа дојде во Леверкузен. Беа кажани многу работи за нас, но за среќа моите играчи повторно дадоа одговор и затоа сум горд на нив, – вели Инѕаги.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни