Поврзете се со нас

Италија

Интер го победи Наполи за потврда на фаворитската улога во трката за Скудетото (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Inter

Интер го победи актуелниот шампион Наполи на гостувањето на „Диего Армандо Марадона“ (0:3) и уште еднаш сериозно ја потврди својата кандидатура за освојување на скудетото.

Лидерот на табелата оствари посакуван резултат во Неапол, а до водство дојде со силниот и прецизен удар на Чалханоглу, кој во 44. минута ги израдува фановите на Интер со атрактивен погодок.

Наполи се обидуваше да направи нешто повеќе на спротивната страна, но наместо израмнување, дојде и вториот погодок за „нероазурите“, овојпат преку Барела, кој одлично се снајде во шеснаесетникот на домашниот тим, зголемувајќи на 0:2.

По неколку неискористени шанси на Кварацхелија и Осимен, казната стигна преку Маркус Тирам, кој во 85. минута ги постави конечните 0:3.

Нашиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер за Наполи, заработи жолт картон во една од ситуациите во кои тој и соиграчите протестираа кај главниот судија поради спорните моменти, а го напушти теренот во 75. минута.

Со овој триумф, Интер се врати на врвот на табелата со два повеќе од Јувентус и има 11 бодови повеќе од Наполи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни