Италија
Интер го освои „Де Кујп“ и се приближи до четвртфиналето на ЛШ (Видео)

Италијанскиот шампион Интер оствари важна победа (0:2) на гостувањето кај Феенорд и сериозно се приближи до пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Феенорд добро го започна натпреварот и солидно му парираше на фаворитот во овој двомеч, но Интер го потврди квалитетот откако без некоја посебна иницијатива успеа да поведе во 38. минута.
Барела убаво го пронајде Турам во шеснаесетникот на Феенорд, а францускиот репрезентативец реагираше одлично и успеа да ја испрати топката во мрежата на домаќините.
Гостите го зголемија водството во 50. минута, кога Лаутаро Мартинез најде начин да го совлада Веленројтер и да ги постави конечните 0:2.
Интер испушти можност да обезбеди и повисока предност, откако Зјелински не реализираше пенал во 65. минута, па реваншот ќе го дочека со два гола позитива.
Головите можете да ги видите ТУКА
-
Англија24 часа
Вистинска „чистка“ на „Олд Трафорд“: Десет играчи ќе го напуштат Јунајтед на лето
-
Репрезентација15 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Свет14 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија15 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 113 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Свет15 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…
-
Шпанија14 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Свет14 часа
Малерозен период за Шпанецот: Пред еден месец откри дека се тужи со родителите, сега боледува од туберколоза!