Поврзете се со нас

Италија

Интер го договори наследникот на Хандановиќ

Објавено

на

Актуелниот италијански шампион Интер е на добар пат да донесе голман кој во иднина ќе го наследи капитенот Самир Хандановиќ.

Повеќе италијански медиуми, извори пренесуваат дека составот од Милано се договорил со 25-годишниот Андре Онана. Камерунецот во моментов не е активен затоа што издржува казна поради допинг, но истата набрзо ќе му заврши и ќе може максимално да им се посвети на обврските.

Неговиот договор со Ајакс истекува во јуни 2022 година и останува само неизвесно дали Интер ќе чека докрај и да го доведе како слободен агент или пак веќе во јануари ќе му плати некои мало трансфер обештетување на холандскиот првак.

Андре е репрезентативец на Камерун, во досегашната кариера освен во Ајакс беше дел и од Барселона каде пристигна преку академијата на Самуел Ето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни