Поврзете се со нас

Италија

Интер ги залечи Суперкуп раните со победа во Серија А

Објавено

на

Фото: https://x.com/Inter

Интер беше голем фаворит на гостувањето кај Венеција во Серија А, а победата и трите победа беа императив за избраниците на Симоне Инѕаги.

Ова посебно откако „нероазурите“ дозволија голем пресврт и пораз во финалето на Суперкупот со Милан, па не смееја да дозволат нов кикс и во домашното првенство.

Победата ја обезбеди Дармијан со гол постигнат уште во 16. минута, а до крајот гостите ја задржаа таа минимална предност и се враќаат со целиот плен во Милано.

Актуелниот шампион сега има 43 бодови, еден помалку од лидерот Наполи, но има и натпревар помалку во однос на избраниците на Антонио Конте.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни