Поврзете се со нас

Италија

Интер ги остварил првите контакти за да го купи искусниот стартер на Барселона

Објавено

на

Интер планира да остане конкурентен и во новата натпреварувачка сезона и покрај тоа што е значително намален буџетот, па неколку часа по потврдата за ангажманот на Хакан Чалханоглу, пристигнува информација дека „нераѕурите“ подготвуваат понуда за искусниот стартер на Барселона.

Италијанскиот првак стапил во контакт со агентите на Жорди Алба и веќе се подготвува првата понуда до каталонскиот гигант, којпак од друга страна најави дека ќе се разгледува секоја понуда за било кој играч, освен за Лионел Меси и Марк Андре Тер Штеген. Претседателот Лапорта допрва треба да го обезбеди потписот на Лео, но нагласи дека е подготвен за промена на секоја друга позиција, нешто што го најави при своето последно обраќање.

Жорди Алба има 32 години и е еден од играчите со најдолг стаж во Барселона, но доколку понудата на Интер биде задоволувачка, „Мундо Депортиво“ тврди дека клубот може да размислува на продажба.

Познатиот каталонски весник уверува дека желбата на фудбалерот е да остане во Барселона и да ја заврши кариерата онаму кадешто почна, но модерниот фудбал не познава емоции и доколку понудата ги задоволи потребите на клубот кој е во финансиска криза, има големи шанси Интер да добие искусен лев бек.

Антонио Конте минатава сезона го имаше Александар Коларов и експериментираше со Ешли Јанг и Дармијан како леви бекови, но новиот тренер Инѕаги побарал нов дефанзивец кој ќе може да одговори на неговата фудбалска филозофија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни