Поврзете се со нас

Италија

Интер е во пол позиција за дефанзивец на Калјари

Објавено

на

Екипата на Интер е во пол позиција за ангажманот на дефанзивецот на Калјари, Раул Беланова.

Беланова ја мина оваа сезона на позајмица во Сардинија од Бордо, а според информациите Калјари ја искористил опцијата и го откупил неговиот договор за 700.000 евра. Ова доаѓа по неговите добри партии во Серија А каде одигра 31 меч на кои даде еден гол и запиша две асистенции.

Точно е тоа дека Калјари испадна од елитата, меѓутоа може да заработи солидна сума за 22-годишниот Беланова кој е уште на мета на Јувентус и Фиорентина. Според „Спортиталија“ и „Тутомеркатовеб“ најблиску до неговиот потпис е Интер кој би требало да плати околу 8 милиони евра.

Инаку Раул е продукт на школата на Милан, освен како десен бек може да игра и како десно крило што секако е одлично да се има играч кој може да покрие повеќе позиции во екипата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни