Поврзете се со нас

Италија

Интер е на чекор од потпис со новиот Пирло (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Интер е на добар пат да ги обезбеди услугите на еден од најперспективните млади играчи во Италија и светот, Сандро Тонали.

Според информациите на „Скај Спорт Италија“ и трансфер експертот Џанлука Ди Марцио клубот од Милано е блиску до договор со Бреша за Тонали и тоа за сума од само 30 милиони евра, плус бонуси.

Наводно тренерот Антонио Конте го убеделил Тонали да дојде до Интер иако тој е деклариран голем навивач на градскиот ривал Милан. Бреша за новиот Пирло како што го нарекуваа Сандро бараше 50 милиони евра, меѓутоа пандемијата со коронавирусот како и фактот дека клубот е на излезни врати од Серија А драстично ја промени ситуацијата и од големиот талент ќе заработи многу помалку од посакуваното.

Тонали во својата дебитанска сезона во Калчото има учинок од еден гол и пет асистенции на 23 натпревари.


Реклама
Реклама
Реклама

Популарни