Поврзете се со нас

Италија

Интер донел конечна одлука во врска со Санчез, Чилеанецот доби шанса од Конте и…

Објавено

на

31 годишниот офанзивен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез кој е под договор за позајмица со Интер, веројатно ќе остане во клубот и следната сезона.

Иако се шпекулираше дека Интер нема да сака да го откупи неговиот договор, сепак се чини дека клубот тоа ќе го стори по крајот на оваа сезона.

Еминентниот медиум „Goal“ пишува дека Интер во целост ќе го откупи неговиот договор од Манчестер Јунајтед.

Офанзивецот оваа сезона има постигнато само два погодоци и реализирано вкупно шест асистенции.

На последниот натпревар против Бреша, Алексис беше стрелец на еден гол, а имаше и две асистенции.

По рестартот на сезоната во Италија, Алексис редовно добива шанса од Антонио Конте и засега истата ја користи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни