Интер доминираше и ги освои бодовите во градското дерби (Видео)

lukaku

Фудбалерите на Интер го добија градското дерби против Милан (0:2) и го задржаа перфектниот скор по четири рунди во Серија А.

Составот предводен од Антонио Конте заслужено ги освои бодовите откако покажа поквалитетна и посигурна игра, а до головите стигна во вториот дел.

Најпрвин, Брозовиќ со помош на Леао успеа да го надмудри Донарума за 0:1, а во 78. минута, Лукаку ги постави конечните 0:2, најавувајќи го триумфот на „нероазурите“.

Џампаоло ги искористи Пакета, Ернандез и Ребиќ како резервисти, но тие не направија нешто посериозно во обидот да обезбедат барем бод за Милан.

Интер останува лидер со 12 бодови, додека Милан по вториот пораз има двојно помалку.

Facebook Коментари