Поврзете се со нас

Италија

Интер договори засилување од ривал во Серија А

Објавено

на

foto: x.com/Inter

Овој зимски преоден рок се уште не е завршен за италијанскиот првак Интер кој во завршницата на истиот е на добар пат да обезбеди засилување и тоа од ривал од Серија А.

Повеќе извори пренесуваат дека „нероаѕурите“ успеале да се разберат со Рома и да ги договорат услугите на 23-годишниот Никола Залевски. Се работи за позајмица до крајот на сезоната по што Интер ќе има право да го откупи Полјакот за сума меѓу 5 и 7 милиони евра.

Залевски може да игра како десен бек и десно крило, односно може да го покрие комплетниот дел на таа страна на теренот.

Сега останува да се види Никола каков договор прво ќе потпише со „волчицата“ затоа што сегашниот му истекува на крајот на месец јуни.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни