Поврзете се со нас

Италија

Интер без тројца важни играчи на соочувањето со Удинезе

Објавено

на

foto: x.com/Inter

Враќањето на клупските обврски за Интер подразбира натпревар со незгодниот Удинезе, а тренерот Симоне Инѕаги нема да смета на тројца важни играчи на овој дуел.

Паузата за настап на репрезентациите го соочи италијанскиот првак со незгодна информација поврзана со повреда на Лаутаро Мартинез, па аргентинскиот репрезентативец засега не е подготвен да им помогне на своите соиграчи.

Отсуството на Лаутаро е голем удар за „нероазурите“, а на списокот отсутни ќе бидат и Дензел Дамфрис и Пјотр Зјелински, уште двајца фудбалери кои имаат проблем со повреди.

Дамфрис и Зјелински имаат посериозни повреди и се очекува да паузираат подолго, додека Интер се надева дека Мартинез ќе биде подготвен за дербито со Милан во купот, закажано за во среда.

Натпреварот Интер-Удинезе се игра утре од 18 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни