Поврзете се со нас

НБА

Интелигенција на друго ниво: Јокиќ употреби импресивна техника за да се справи со „џинот“ Вембенјама (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ важи за најинтелигентен играч во НБА лигата и тоа го покажува со своите паметни потези од натпревар во натпревар, а така беше и рано утрово кога за чувар имаше невообичаено висок противник.

Виктор Вембенјама е позитивен новитет во најсилната кошаркарска лига во светот и ривалите се импресионирани од движењата и висината на Французинот, кој сепак рано утрово доби една кошаркарска лекција од далеку поискусниот Јокиќ.

Србинот доминираше во свој стил и мечот го заврши со 31 поен, 7 скокови и 5 асистенции, но најмногу импресионираше со променетиот стил на игра кога е шутот во прашање.

За полесно да се справи со несекојдневно високиот Вембенјама, Јокиќ користеше „флоутер“ техника и не му дозволи на Французинот ниту шанса за блокада, па неговата колекција од вакви шутеви стана вирална на социјалните мрежи.

Исто така, Србинот импресионираше и со една акција која ја осмисли на крајот на првата четвртина, а која заврши со атрактивно забивање од Вотсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни