Инстаграм корисник случајно го снимил летот на хеликоптерот во кој погина Коби (Видео)

kobi-pad

Трагедијата која резултираше со прерана смрт на Коби Брајант ја потресе цела Америја и целокупната спортска јавност ширум светот, а во денови кога се уште се испитуваат причините за големата хеликоптерска несреќа која настана во близина на Калабасас, на социјалните мрежи кружи едно видео кое стана вирално.

Еден член на Инстаграм заедницата преку својот профил сподели едно видео од хеликоптерот во кој биле Коби, неговата ќерка и уште седумте патници, за кое вели дека е снимено од неговата куќа од Глендејл, округот во кој хеликоптерот кружел повеќе минути чекајќи дозвола од контролната кула за да се упати кон аеродромот.

– Се обидувам да ги снимам и фотографирам сите чудни работи кои се случуваат над мојата куќа во Глендејл. За жал, се до ова утро не сфатив дека јас го снимив хеликоптерот на Коби Брајант, неговата ќерка и останатите кои беа внатре, 31 минута пред да се урне, – се вели во објавата.

Facebook Коментари