Поврзете се со нас

Италија

Инсиње за тоа дали ќе остане во Наполи: Не е лесно, сакам…

Објавено

на

Лоренцо Инсиње е во последната година од договорот со калчолигашот и останува неизвесно дали ќе остане во оваа средина и по крајот на натпреварувачката 2021/2022.

Офанзивецот од 2010 година е во првата екипата на наполитанците со тоа што мора да се напомене дека имаше и „излети“, поточно беше испраќан на позајмици во Кавезе, Фоџа и Пескара. Меѓутоа денеска Лоренцо е капитен и заштитен знак за калчолигашот, па дефинитивно ако си замине тоа ќе биде удар за клубот од стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Напаѓачот не сака премногу да говори на оваа тема, но воедно порача дека не станува збор за лесна работа.

-Сакам да се фокусирам на теренот. Имам договор до 2022 година, дури и да истече, само сакам да се фокусирам на теренот. За другите ситуации, тука е мојот агент кој зборува со претседателот. Не е лесна работа, -рече 30 годиншниот Лоренцо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни