Поврзете се со нас

Лига Европа

Инсиње со супер гол ја отвори Легија, Наполи и Елмас се израдуваа на прва победа во ЛЕ (ВИДЕО)

Објавено

на

Лидерот во италијанскиот фудбалски шампион Наполи конечно дојде до првата победа во групната фаза на Лигата на Европа и тоа во дуелот против Легија.

Наполитанците во претходните две кола немаа сили за триумф против Лестер и Спартак Москва, а и вечерва долго се мачеа за да дојдат до посакуваниот резултат. Избраниците на Лучијано Спалети напаѓаа, создаваа шанси, многу корнери, меѓутоа дури во самиот финиш го скршија отпорот на противникот.

Тоа го направи капитенот Лоренцо Инсиње кој во 76 минута даде супер гол по топката која ја доби од нововлезениот Политано. Потоа се беше полесно за фаворитот, па така Осимен и Политано стрелаа за конечни 3-0.

Нашиот Елиф Елмас беше стартер и ја одигра целата средба на стадинот „Диего Армандо Марадона“.

Фаворитската улога во истиот овој термин ја оправдаа и екипите на Вест Хем, Реал Сосиедад и Ренџерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни