Поврзете се со нас

Италија

Инсиње „раскина“ со Раиола, позната е агенцијата која ќе го застапува

Објавено

на

Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње и дефинитивно повеќе нема никаква врска со контроверзниот фудбалски агент Мино Раиола.

Инсиње стана клиент на Раиола во 2018 година, меѓутоа двате страни имаа разлика во однос на ставовите за иднината, па соработката беше прекината со тоа што капитенот на наполитанците во иднина ќе биде претставуван од агенцијата на Винченцо Писакане.

-Горд сум што те имам во нашата агенција, привилегија е да се работи со тебе. Капитене, денеска е важен ден за нас. Среќни сме што ве имаме со нас како човек и среќни што можеме да ве претставуваме како играч. Одиме напрад со целосна брзина, -порача Писакане.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни