Поврзете се со нас

Италија

Инсиње пред последниот домашен меч за Наполи: Плачам три дена…(ВИДЕО)

Објавено

на

Наполи утре ќе го одигра завршниот меч на својот терен за оваа сезона во Серија А, натпревар кој ќе биде последен за Лоренцо Инсиње на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Офанзивецот го напушта Неапол по крајот на кампањата и се сели во Торонто, па се очекува утре против Џенова да има многу емоции кај него и кај навивачите со кои италијанскиот репрезентативец оствари средба.

-Сакам да ви се заблагодарам за се што ми дадовте. Наполи секогаш ќе биде мојот дом, дури и кога веќе нема да бидам тука следната сезона. Нема да негирам дека плачам три дена. Секогаш кога сум надвор од стадионот станувам емотивен. Ова е мојот дом веќе десет години, среќен сум што славам со вас во недела. Наполи секогаш ќе биде во моето срце, -порача Лоренцо кој е дете на овој клуб.

Инсиње сезонава има дадено 12 гола на 35 натпревари, севкупно пак има одиграно 432 меча, постигнато 121 гол и освоено три трифеи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни