Поврзете се со нас

Италија

Инсиње погоди атрактивно, Наполи ги освои бодовите против Рома (Видео)

Објавено

на

Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње постигна атрактивен погодок од својата омилена позиција и му донесе триумф на својот тим на италијанското дерби со Рома (2:1).

Домаќините беа поактивни цел натпрева и заслужено ги освоија бодовите, додека нашиот Елјиф Елмас влезе во игра во второто полувреме и му помогна на Наполи да стигне до посакуваната победа.

На првиот гол се чекаше до 55. минута кога Калјехон успеа да го совлада Пау Лопез по одличната асистенција на Марио Руи, за пет минути подоцна Мхитаријан да ги врати работите на почеток, израмнувајќи на 1:1.

Но, упорниот Наполи по неколку неискористени шанси, успеа да стигне до ново водство, со голот на Инсиње кој убаво пласираше од левата страна и ги израдува фановите на составот од Неапол, кој по поразот од Аталанта, повторно им се врати на победите.

Наполи се израмни на петтото место токму со Рома, откако сега и двете екипи имаат 48 бодови, но заостануваат дури 15 бодови зад Аталанта која е во Топ 4 друштвото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни